Нова библиотека за осудениците во штипскиот затвор

Нова библиотека со околу 800 нови книги добија осудениците во штипскиот затвор. Директорот на Затвор – Штип, Мики Тодоров за МИА вели дека и претходно во оваа казнено поправна институција имало библиотека, но новата е за пет пати поголема во споредба со старата просторија.

Осудениците учествувале во реконструкцијата на просторијата, самите ги изглетувале и бојадисале ѕидовите и ги залепиле плочките.

– Полиците на библиотеката веќе се полнат со нови книги. Осудените лица доставија барања до издавачките куќи и институциите. Дел од нив веќе донираат нови книги за библиотеката. Имаме и пријатели на библиотеката, осудентите лица на листови ги испишуваат оние институции, фирми, писатели, поети кои донираат книги за нашата библиотека. Во неа има книги на македонски и албански јазик – вели Тодоров.

За книгите во библиотеката се задолжени двајца осуденици, од кои едниот за литературата на македонски, а вториот на албански јазик.

Новата просторија на библиотеката во штипскиот затвор ќе има намена и за групна настава, а изминатите две години во соработка со УНДП и Министерството за образование се реализирани две обуки за бравар, аргон заварувач, готвач и пекар, со што околу 50 осудени лица добија и сертифати по завршените обуки.

Затвор – Штип од сопствениот буџет инвестирал околу 64.000 денари во мебелот, полиците и инвентарот на библиотеката.

– Промоцијата на просторијата е за да се подигне свеста кај граѓаните и институциите дека по завршувањето на казните, осудените лица треба да бидат прифатени од општеството. Со опремување на новата библиотека даваме похумани услови во казнено поправниот дом и е пример дека создаваме европски услови за осудените лица, кои издржуваат казна затвор, вели Тодоров.

Тој најави дека заедно со Универзитетската библиотека „Гоце Делчев” – Штип ќе се направи и категоризација на книгите, кои се наредени на полиците во новата просторија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот