Нов удар за Кина – Франција ја ограничува 5г опремата на „Хуавеи“?

Како и другите земји во Европа, Франција се подготвува за воведување на новата генерација 5г во време кога растат геополитичките тензии меѓу светските суперсили, Кина и САД.

Француските власти ги предупредија компаниите за телекомуникации кои планираат да купат 5г опрема од „Хуавеи“ дека нема да може да ја обноват лиценцата кога истата ќе им истече, со што најавија дека планираат да го исклучат конескиот технолошки гигант од мобилната мрежа.

Француската агенција за кибернетичка безбедност „АНШИ“ соопшти претходно дека ќе им дозволи на операторите да ја користат опремата со издавање лиценца од три до осум години.

Секој оператор мора да аплицира за десетина лиценци за опрема со цел да се покријат различни делови од земјата.

Одобренијата за „Хуавеи“ се со важност од три до пет години, а за европските конкуренти „Ериксон“ и „Нокија“ осум години.

Извори вклучени во процесот соопштиле дека  француските власти ги известиле телекомуникациските компании во неофицијален разговор минатиот месец дека лиценците за „Хуавеј“ нема да бидат продолжени, што пак не стои наведено во официјалниот документ.

Како и другите земји во Европа, Франција се подготвува за воведување на новата генерација 5г во време кога растат геополитичките тензии меѓу светските суперсили, Кина и САД.

САД, кои ја обвинуваат Кина дека својата опрема ќе ја користат за шпионажа, обвинение кое го отфрла „Хуавеи“ и официјален Пекинг, вршат притисок на своите сојузници да го следат нивниот пример.

Претходно Велика Британија најави дека од својата 5г мрежа ќе ја отстрани опремата на оваа кинеска компанија.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот