Нов шок за Барселона, без триумф во Памплона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона и на второто гостување во новата сезона останаа без победа. По поразот од Атлетик Билбао, овој пат на гостувањето кај Осасуна одиграа 2:2 и по три кола имаат четири бодови .

Повратникот во Ла Лига, Осасуна уште во седмата мунита преку Торес поведе со 1:0. Каталонците до крајот на полувремето ја контролираа играта,напаѓаа но не успеаја да постигнат гол.

Израмнувањето пристигна на стартот од вториот дел, во 51. минута тинејџерската сензација Ансу Фати успеа да го израмни резултат, а 13 минути подоцна, Артур носи водство за Барселона.

Кога изгледаше дека Барселона ќе успее да дојде до првата гостинска победа, капитенот Жерар Пике несмотрено играше со рака во својот шестнаесетник по што Торес со прецизен удар од пенал израмни на 2:2, резултат кој се покажа како конечен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот