Нов повик за доброволно служење воен рок во Црна Гора

Михаил Волков изјави дека ова е нов проект кој досега резултирал во успешно завршени циклуси на обука и изрази верување дека тој број ќе се зголеми во иднина.

Министерството за одбрана на Црна Гора соопшти дека наскоро ќе распише конкурс за доброволно служење воен рок, а откако беше донесена одлука минатата година, како еден од моделите на обука за воена служба со цел да се создаде база за пополнување редовни и резервни сили.

Генералниот директор на Дирекцијата за човечки ресурси при Министерството за одбрана, Михаил Волков изјави дека ова е нов проект кој досега резултирал во успешно завршени циклуси на обука и изрази верување дека тој број ќе се зголеми во иднина.

Тој, исто така, објасни дека принципот на аплицирање за доброволна воена служба е со јавно објавување.

– За време на обуката војниците стекнуваат знаење и вештини потребни за извршување на должностите во единиците на Армијата при воена или вонредна состојба, истакна Волков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот