Нов отказ за Попович

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович не стигна да се израдува на победата над Шпанија од 90:81, веќе доби нови грижи, му откажа уште еден кошаркар.

Последен кој се откажа од настапот на Светското првенство во Кина е крилниот центар на Хјустон рокетс, Пи Џеј Такер, кој се пожали на повреда. Тој за време на подготовките го повредиглкуждот на левата нога и не сакаше да ризикува, па се повлече од репрезентацијата.

По отказите на 10-тина кошаркари, селекторот Попович остана само со 14 кошаркари и до крајот на подготовките тој ќе мора да го скрати списокот на 12 имиња.

Репрезентацијата на САД по победата над Шпанија, подготовките ги продолжува во Австралија каде ќе одиграат уште три контролни натпревари пред стартот на Светското првенство во Кина (31 август – 15 септември).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот