НОВ албум: „Хјубрис“ од Крсте Роџевски

Дискографската куќа МОД „Релоудед“ на 1-ви мај годинава ќе го издаде „Хјубрис“, новиот албум на Крсте (Кристо) Роџевски. Станува збор за десет нови авторски композиции на Крсте Роџевски (гитара/вокал) изведени и снимени во придружба на Мери Халворсон (гитара), Бил Ласвел (бас), Томас Фуџивара (тапани) и Икуе Мори (електроника).

Претпродажбата на дигиталната и ЦД-верзијата на албумот е во тек. Наскоро ќе следува и винилното издание. Станува збор за четврто албумско остварување на македонскиот психијатар кој живее и работи во Њујорк. Како пејач и кантавтор досега ги објави албумите „Батанија“, „Горчливи бадеми“ и „Зајакот и паднатиот јавор“. Негови песни се користени во филмовите „Бикини мун“ и „Сенки“ на Милчо Манчевски и во „До балчак“ на Столе Попов.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 23, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21-22 март 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот