Њујорк ѝ враќа на Италија украдени уметнички дела вредни 19 милиони долари

Музеј во, САД / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Обласниот обвинител од Њујорк и врати на Италија украдена уметност во вредност од 19 милиони долари. 58-те парчиња вклучуваат мермерна глава на божицата Атена, датирана од 200 п.н.е., чија вредност се проценува на 3 милиони долари, пренесува Би-Би-Си.

Украдените артефакти биле продадени на музеи и колекционери, велат од обвинителството.

Тоа е најновиот обид на градот да ја врати ограбената стока во земјата на потекло – 66 милиони американски долари досега се вратени оваа година.

Внатрешната безбедност беше дел од истрагата за запленување и враќање на овие предмети на Италијанците – 21 од нив дојдоа од Музејот на уметноста Метрополитен.

Иако парчињата имаат огромна парична вредност, командант на италијанската полиција ги опиша како „непроценливи“.

Генералот Роберто Рикарди смета дека се чувствува особено среќен знаејќи дека овие предмети ќе се вратат во заедниците, кои ќе знаат „од каде доаѓаат, за нивната историја, за нивниот идентитет“.

Се наведува дека овие предмети на крајот биле увезени во САД каде што биле продадени на американскиот милијардер Мајкл Стајнхард, кому сега му е забрането да купува антиквитети откако доказите откриле дека предметите што ги поседувал биле украдени и нелегално прошверцувани.

Во 2021 година, Штајнхард предаде богатства во вредност од 70 милиони долари како дел од договорот што значи дека нема да се соочи со кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот