Низа настани: Биди подготвена за успех

Во текот на месец јуни во Скопје ќе се одржат настаните кои се дел од проектот GIRL EMPOWERMENT – Женска Мотивација 2021, во организација на SIEC (Social Integration & Empowerment Center) и Трансформација. 

„Целта на овој проект е да мотивираме жени и девојки кон персонален развој и едукација за формално облекување кога се во потрага за професионална работа. Оваа идеја е базирана на интернационалниот модел од невладината организација Dress for Success за поддршка на жени. Дополнително, овој проект е наменет за поддигање на свесноста за етички консумеризам и пренаменета облека за наша предност”, изјавија организаторите.

Настаните кои се дел од овој проект ќе се одржат на неколку локации низ Скопје, а вклучуваат:
Clothing SWAP (22.06), Хотел Ми Каса  – Размена на облека со присутен стилист за помош и совети. Ќе се подаруваат и донираат алишта од Копче Црвен Крст заедно со други помали компании. Целта на овој настан е да ги едуцираме присутните за етичкиот консумеризам и да им овозможиме рзмена наместо купување нова облека.

Работилница за личен развој (26.06), Хотел Ми Каса – Заедно со life-coach Тања Брковска ќе проследиме сесија којашто ќе служи како прирачник кон поголема свесност и самодоверба во областа на бизнисот. На работилницата ќе откриеме како работи нашиот ум, ќе научиме како да комуницираме и како  да ја зголемиме нашата самодовреба, како да се чувствуваме добро во нашата кожа кога одиме на разговор за работа и како да подготвиме CV кое ќе не претстави најдобро. Ќе ги разработиме најчесто поставуваните прашања на интервју за работа и ќе бидеме подготвени да уживаме во процесот на аплицирање за работа.

Мake-over настан (03.07), ЦЕС академија–  За 2 жени кои ги проследиле претходните два настани, би сакале да подариме стајлинг од Сара Стојчевска, стилист од Њу Јорк, заедно со вклучена шминка и фризура, како и сесија со Тања Брковска за комуникација и професионални вештини.

За учество на настаните пријавете се ТУКА.

За организаторите:

SIEC – Мисијата на Центарот за социјална интеграција и зајакнување социјална интеграција и мотивација е да придонесе во враќање на достоинството и самопочитта на луѓето од регионот на  Јужно-Источна Европа, преку зајакнување и мотивирање на луѓето индивидуално.  Индивидуалното само-зајакнување и личниот развој ќе доведат до подобрена социјална интеграција.

Трансформација – Трансформацијата е асоцијација за развој на човечкиот потенцијал. Основната мисија е да се помогне преку трансформација што значи излегување од кутијата, рамката или зоната на познатото и со тоа да се постигнат поставените цели. Затоа што сите знаеме што е најсоодветно за нас. Бидејќи секој е уникатен, ние ја користиме богатата палета на разновидност на луѓе, водејќи ги во нивните лични и професионални трансформации.


Комерцијален ПР текст

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот