Ниту Барса, ниту Реал: Неочекувана одлука на Нејмар!

infobae.com

Неговиот рекорден трансфер од „Камп Ноу“ во Париз за 222 милиони евра во 2017 година ги претстави големите амбиции на францускиот првак да ја освои ЛШ.

Бразилецот веќе беше „виден“ во Барселона, но сега стигнуваат сосема поразлични вести.

Нејмар преговара за нов договор, вреден повеќе од 40 милиони долари, да остане во ПСЖ, што значи дека би можел да се откаже од враќање во Барса, пренесува „РТ“, повикувајќи се на извори во Франција.

Бразилската ѕвезда беше на „мета“ на свирежи од своите навивачи на „Паркот на принцовите“ откако ги пропушти првите пет натпревари во сезоната за ПСЖ, во обидот да се врати во Барселона, трансфер кој сите го очекуваа да се случи оваа сезона.

Неговиот рекорден трансфер од „Камп Ноу“ во Париз за 222 милиони евра во 2017 година ги претстави големите амбиции на францускиот првак да ја освои Лигата на шампионите.

Ова зближување на клубот и играчите сепак е неочекувано, така што би можело да доведе до нов договор. Француските медиуми пишуваат дека преговорите се во тек и моментно тема се платите на играчите.

Парижаните лани испадна од ЛШ во осминафиналето од Манчестер јунајтед. Доколку ПСЖ сега во истата фаза биде елиминиран од Борусија Дортмунд, тоа веројатно ќе значи и разделба на Нејмар со „светците“.

Во извештаите се наведува дека ПСЖ ја доставила својата прва понуда до Нејмар на почетокот на јануари. Бразилецот е во одлична форма, откако постигна девет гола на последните осум натпревари.

Поранешниот фудбалер Алехандро Морено за „ЕСПН“ изјави дека останувањето на Бразилецот ќе значи целосен пресврт.

– Тоа би било голем пресврт. Се сеќавате кога управата на клубот излезе во јавноста и рече: „Ова не е начин на кој сакаме да го водиме нашиот клуб, ниту ова е начин на кој сакаме да ги третираме нашите суперsвезди”. Сега го променија мислењето и очигледно одат во сосема друга насока. Не сум баш сигурен каде ПСЖ сака да оди – рече Морено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот