Нина Деан доби син: Му го дадоа името Каи

Instagram

Глумицата Нина Деан вчера стана мајка. Се породи во клиниката во Чаир и таа и бебето се чувствуваат добро.

На бебето му го дадоа името Каи.

Дека по втор пат стана баба се пофали и нејзината мајка Гордана Деан од Екватор, која планирала да дојде во Скопје за да го пречека вториот внук, но не можела поради пандемијата.

„Јас сум сега веќе изверзирана баба. Се надевам дека ако не можев во живо, утре ќе го видам Каи на камера. Сега само баба од далеку ги гушка и Нина и Мартин и Каи“, напиша Гордана.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот