Николовски ги свика амбасадорите, заедно бараат алтернативни пазари за нашето овошје и зеленчук

Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, на негова иницијатива, одржа онлајн состанок со амбасадорите и претставници на Директоратот за економска дипломатија при МНР.

На состанокот, како што објави тој на Фејсбук, биле разгледани можностите за изнаоѓање алтернативни пазари за земјоделските производи кои земјава досега ги извезуваше во Русија, Украина и Белорусија.

-Во овие тешки времиња на светска криза, заеднички ги вложуваме сите сили и напори да им помогнеме на македонските земјоделски производители да ги пласираат своите производи во странство и да најдат нови извозни пазари, напиша министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот