Николовски: Ако јас можев да не користам службена картичка и ништо да не ми фали, можат и другите функционери

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на денешната прес-конференција изјави дека ќе се работи на редефинирање на кодексот за етичко однесување на членови на Владата и функционерите именувани од Владата, како и детално и темелно разгледување на сите квартални и годишни извештаи на институциите.

„Како што јас сум можел да не користам службена картичка како министер и ништо да не ми фали, може и секој функционер од централно до локално ниво. Ако само до пред неколку години милиони евра се трошеле за забави во странство, за скапи костими и вратоврски, сега тоа е променето. Сѐ уште има директори или министри кои не се до крај транспарентни, има комисии во кои членуваат вработени во институцијата кои земаат плата и плус надоместоци. Имаме многу работи што треба да ги промениме“, рече Николовски.

Во целиот процес на превенирање и откривање на корупцијата, посочи тој, потребна е ефикасна и професионална администрација, на што во следните четири години ќе посветиме сериозно внимание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот