Николоски: Скандалозен тендер на „Македонија пат“, фирма ќе добие над два милиони евра за косење трева и кастрење дрвја

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на фејсбук објави детали од, како што го нарекува, „скандалозниот тендер на Македонија пат“, со кој фирма поврзана со ДУИ ќе добие дури два милиони евра за кастрење на дрвата и косење на тревата на патиштата.

„Македонија пат“ има склучено договор со друга фирма за 25 пати поевтини цени на услугата за косење на трева и дрва на патен појас од цената на ЈПДП чија вредност достигнува над 2 милиони евра. Или, ако „Македонија пат“ обезбедила фирма да го направи сечењето на дрвата и косењето на тревата за 0,46 денари по м2, новата фирма од Кичево на тендерот на ЈПДП истата оваа услуга ја наплаќа 12 денари по м2. Односно, договорот на „Македонија пат“ кој е се уште важечки изнесува 1 милион евра за две години, а новиот договор на ЈПДП изнесува скоро 2,5 милиони евра. 1,5 милиони евра повеќе!“, пишува Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот