Ни грам брашно ни капка млеко: Безглутенски колач од портокали

Фото: Pexels

Класичните колачи на база на бисквити се секогаш добар избор, особено во комбинација со сочно овошје со силен вкус, каков што е портокалот. Ако го избегнувате белото брашно поради глутенот или млекото поради лактозата, постои поздрава алтернатива која може да биде уште повкусна!

Една од предностите на оние колачи е тоа што не мора ни да ги лупите портокалите, туку едноставно да ги сварите со што ќе го отстраните горчливиот вкус од кората. Наместо брашно, за неговата подготовка користете тајна состојка: мелени бадеми или, идеално, бадемово брашно, кое на овој десерт ќе му даде воздушен изглед и прекрасен вкус на јаткасто овошје.

Покрај тоа, ако сакате да го направите уште поздраво, наместо 230 грама шеќер, сипете 80-100 грама мед (најмалку шест ипол лажици) и ќе имате колач чиј рецепт сите ќе го бараат.

Состојки:

– 2 портокали со средна големина
– 1,5 лажички прашок за печиво
– 6 јајца
– 230 г шеќер
– 300 г мелени бадеми

Подготовка:

Извадете ги јајцата да отстојат на собна температура најмалку два часа пред да го подготвите колачот.
Калапот обложете го со хартија за печење, па на дното посипете околу 50 грама мелени бадеми.

Портокалите измијте ги, па ставете ги во тенџере и прелијте со вода колку да ги покрие портокалите. Гответе на средна температура околу 40 минути, а ако водата испари, додадете сѐ додека не го покрие овошјето.

Потоа извадете ги портокалите и оставете ги да се изладат. Потоа исечете ги, извадете ги семките и ставете ги во блендер, па блендирајте додека смесата да добие текстура на џем.

Во длабок сад со мискер изматете ги јајцата и шеќерот додека не добиете густа смеса со светложолта боја. Во неа додадете ги изблендираните портокали и мелените бадеми, па сè убаво измешајте.

Сипете во калап и печете во рерна загреана на 180 степени. Колачот треба да се пече околу 45 минути, а тестот со чепкалка се прави така што таа треба да излезе целосно сува од колачот.

Кога ќе се излади, украсете со парчиња портокал, рендана кора од портокал, шеќер во прав, мелени бадеми, зрна од калинка, глазура од портокал или лимон…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот