Невремето во Охрид зад себе остави поплавени улици, домови и оштетени возила

Фото: Слободен печат

 

Големи се  последиците што силниот град со големина на орев, ги остави зад себе во Охрид. Штетите се огромни,  граѓаните  јавуваат за поплавени улици, домови, уништени земјоделски култури. Настрадаа и автомобилите на жителите и гостите во градот, на кои се испукани шофершајбни и е издлабен лимот од силниот град, кој како што тврдат, не се памети.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

 

По невремето, градоначалникот Кирил Пецаков итно го свика кризниот штаб на Општината. Како што вели Пецаков, според првичните информации со кои располагаат, на одредени улици е отежнат сообраќајот поради обилните врнежи и големата вода која се уште се слива, има пријави за поплавени домови, дворови, куќи, а штетата на земјоделските култури очигледно ќе биде огромна бидејќи невремето кое траело повеќе од половина час било проследено со врнежи од град со големина на лешник и орев.

Сите пумпи за исцрпување на вода со кои располага општината се ставени на располагање на Територијалната противпожарна единица Охрид, каде во најголем дел се пријавуваат поплавите. Вршиме напори со соседните општини за набавка на дополнителен број пумпи, иако колекторот е ставен стопроцентно во функција и во најголем дел од критичните места ќе се исцеди надојдената вода. Проблем има на пресекот помеѓу АСНОМ и булеварот Туристичка, со струјата која ги знабдува пумпите од колекторот, но се решава. Проблем има и во планинските села каде има наноси од земја. Се надеваме дека до вечер ќе успееме да го нормализираме сообраќајот насекаде. Екипите на општинските Јавни претпријатија остануваат во полна готовност доколку произлезе потреба за брза реакција –  информира Пецаков.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот