Невил: Срамота е ако Де Јонг наместо во Јунајтед заврши во Челси

Френки де Јонг/фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Фудалерот на Барселона, Френки де Јонгќе мора наскоро да одлучи, дали ќе остане во Барселона и ќе биде најомразена личност во Каталонија, или ќе одлучи да си замине и да се пресели во Премиер лигата.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сака да го продаде Де Јонг за да може да ги испегна финансиите и да може да ги регистрира новите засилувања, но Холанѓанецот не сака да чуе да си оди се додека не му бидат исплатени 17 милиони евра кои каталонскиот тим му ги должи поради намалената плата поради пандемијата на коронавирусот.

Де Јонг во 2020 година потпиша нов договор со Барселона со кој се согласи во наредните две години да прима помала плата поради пандемијата на коронавусот, а разликата да му се исплати токму оваа година.

Но, Лапорта не сака да чуе за такво нешто бидејќи Барселона е во минус од 1,3 милијарда евра и планира да го продаде бидејќи премиерлигашите за него се подготвени да платат 85 милиони евра.

Најзагреан за Де Јонг беше Манчестер јунајтед, но неделава во трката се вклучи и Челси кои се подготвен да ги исполни сите услови и на Лапорта и на фудбалерот со што стана фаворит за трансферот.

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил смета дека евентуалниот трансфер на Де Јонг во Челси, ќе претставува огромен удар за „црвените ѓаволи“.

– Ако Јунајтед не успее да го донесе Де Јонг тоа е срамота, но доколку тој замине во Челси, тогаш тоа ќе биде трагедија. Де не сака да дојде, верувам дека разговорите одамна би биле прекинати. Имаме три можни сценарија. Првото е Де Јонг да дојде во Јунајтед каде повторно ќе игра за тренерот Тен Хаг. Второто е да остане во Барселона и тогаш срамот ќе биде врз луѓето на Јунајтед бидејќи не успеале да го реализираат трансферот. Третото сценарио е тој да замине во Челси и да игра против тренерот со кој соработуваше во минатото – изјави Невил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот