Неверојатно: Прв случај на крокодилка која сама се оплодила, фетусот бил 99,9% идентичен на неа

Крокодил / Фото: PhotoStock-Israel / Alamy / Profimedia

Првиот случај на женка крокодил кој сама се оплодила е идентификуван во зоолошка градина во Костарика. Таа родила фетус кој бил генетски идентичен 99,9% на неа. Ваквиот феномен е пронајден кај неколку видови птици, риби и други влекачи, но никогаш досега кај крокодилите, пишува „Би-Би-Си“.

Научниците велат дека оваа особина можеби е наследена од некој еволутивен предок, така што и диносаурусите можеби биле способни за саморепродукција.

Јајцето го снела 18-годишна крокодилка во Парк Рептиланија во јануари 2018 година. Фетусот внатре бил целосно формиран, но мртвороден и затоа не се извел.

Животното било добиено кога имала две години и цел живот било одвоено од другите крокодили. Поради ова, научниот тим на паркот стапил во контакт со американски тим од политехничкиот универзитет Вирџинија, специјализирани за ваквиот феномен, кој научно е познат како партеногенеза. Тие го анализирале фетусот и откриле дека тој е повеќе од 99,9% генетски идентичен со неговата мајка – потврдувајќи дека нема татко.

Пишувајќи во списанието „Биолоџи Летерс“, истражувачите велат дека ваквите случаи може да се почести кај крокодилите и до сега останале незабележани бидејќи луѓето не барале такви примери.

„Не е невообичаено заробените влекачи да несат јајца, со оглед на периодот на изолација од другарите, тие вообичаено би се сметале за неодржливи и отфрлени. Затоа, овие наоди сугерираат дека јајцата треба да се проценат за потенцијална одржливост кога мажјаците се отсутни. Имајќи предвид дека ваквите настани може да се случат во присуство на потенцијални партнери, примерите на ова може да се пропуштат кога се јавува репродукција кај женки кои живеат заедно со мажјаци“, велат научниците во нивниот истражувачки труд.

Не е јасно зошто партеногенезата се јавува кај различни видови, но појавите сѐ почесто се појавуваат во научната литература, веројатно затоа што истражувачите сега ја бараат. Една теорија е дека тоа се случува кај видовите способни за партеногенеза кога бројот се намалува и тие се на работ на истребување.

„Овој нов доказ нуди привлечни сознанија за можните репродуктивни способности на изумрените роднини на крокодилите“, пишуваат научниците, „особено на диносаурусите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот