Нето-загубата на Дојче Банк во вториот квартал изнесува 3,1 милијарди евра

Германскиот кредитор, Дојче Банк објави дека во вториот квартал од годината забележал нето-загуба од 3,1 милијарди евра (3,5 милијарди долари), и тоа само неколку недели откако соопшти ќе следат значително намалување на работниот кадар во банката во обидот да се врати на позитивните патеки, јави ДПА.

Загубата е поголема од тоа што банката претходно го предвидуваше дека ќе се случи, кога го најави реструктурирањето. Оттаму уште соопштија дека трошоците за стратешката трансформација, банката ќе ја чини 3,4 милијарди евра.

– Суштинскиот дел од трошоците за реструктурирање се веќе направени во вториот квартал, изјави извршниот директор на банката Кристијан Севинг, според кого „по овие трансформациски трошоци, банката ќе биде профитабилна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот