7 C
Скопје

„Нетфликс“ секоја недела во наредните 12 месеци со по еден нов филм

Од компанијата „Нетфликс“ ветуваат дека ќе се обидат да нѐ забавуваат оваа година, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Стриминг сервисот ги објави плановите за оваа година во вторник, ветувајќи дека секоја недела во следните 12 месеци, корисниците ќе имаат можност да гледаат нов филм.

Некои од филмовите кои допрва ќе ги гледаме на „Нетфлис“ го вклучуваат вестернот „The Harder They Fall“, во кој глумат Реџа Кинг, Идрис Елба и Џонатан Мејџорс. Лин-Мануел Миранда и Хали Бери ќе имаат свое режисерсо деби со филмот „Tick, Tick… Boom!“ и „Bruised“.

Овие се само неколку од врвните уметници во светската кинематографија, а во нови улоги ќе ги видиме и Џенифер Лоренс, Леонардо ДиКаприо, Мерил Стрип, Гал Гадот, Дејв Џонсон и Рајан Рејнолдс.

Прочитајте и...  Хрватски експерт за кафе ја открива тајната за најубавото турско кафе

Пејачката Аријана Гранде ќе се појави во филмот „Don’t Look Up“ каде ќе глуми заедно со Лоренс, ДиКаприо, Стрип и Тимоти Шаламе.

unsplash

Овој новитет доаѓа откако поради пандемијата на коронавирусот голем број од кината низ целиот свет се затворени, при што многу филмови своите премиери ги префрлија на услугите за стриминг.

Неодамна, од филмската компанија „Warner Bros“ изјавија дека и тие планираат своите филмови во 2021 година да ги префрлат на „HBO Max“ и во кината каде што е можно.

Поврзани вести

Како да препознаете дека некој ве лаже? Внимавајте на говорот на телото

Слободен Печат

ФОТО: Северина и пркоси на зимата во костим за капење

Слободен печат

Пријанка Чопра прозборе за првата средба со нејзиниот сопруг: Искрено, ме шокираше со својата дрскост

Слободен Печат

Александра Радуловиќ, мајката на Милена: „До пред една недела очекувавме сè, освен ваква поддршка“

Слободен печат

Кортни Кардашијан e во врска со тапанарот на „Blink-182“?

Слободен Печат

Моника Белучи и нејзините 4 правила за убавина и здравје во шестата деценија

Слободен печат

Остави Коментар