Нетанјаху: Ќе продолжиме да ги напаѓаме непријателите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека војската ќе продолжи да ги напаѓа израелските непријатели, вклучувајќи и „тајни мисии”.

Нетанјаху рече дека Израел се наоѓа во „многу осетливо” безбедносно опкружување на север, југ и исток.

– Ние ќе продолжиме да дејствуваме на сите фронтови за да обезбедиме безбедност на Израел, со отворени и тајни средства, на море, во воздух и на копно- рече Нетанјаху.

Тој ова го изјави на неделниот состанок на кабинетот, еден ден откако Израел погоди во голем број локации поврзани со лидерите на Хамас во Газа, како одговор на ракетниот оган што беше истрелан од таа територијата.

Иако сè уште никој не презеде одговорност за истреланите ракети, Израел смета дека Хамас е одговорен за сите напади кои доаѓаат од таа територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот