Несторовски го носи Палермо кон Серија А (ВИДЕО)

EPA/CORRADO LANNINO

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски продолжува со одличните игри во дресот на Палермо постигнувајќи го 11. гол сезонава. Тој беше стрелец на единствениот гол со кој Палермо ја победи Верона во дерби дуелот од 31. коло од италијанската Серија Б.

Несторовски голот го постигна на стартот од второто полувреме, во 46. минута откако одлично реагираше на центаршутот на Стефано Морео.

https://twitter.com/MarcoRosanero77/status/1115347890602430464?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1115347890602430464&ref_url=https%3A%2F%2Fekipa.mk%2Fnestorovski-strelets-za-palermo-na-mechot-protiv-verona-video%2F

Со победата над Верона во дербито, Палермо дојде до 53. бодови за пласман на третото место на табелата во Серија Б, и има само еден бод помалку од Лече кој пак има одиграно еден натпревар повеќе. Директен пласман во Серија А обезбедуваат најдобрите две екипи, а екипите од третото до шестото место ќе играат плејоф и најдобриот тим ќе игра во најквалитетната лига во Италија следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот