„Неписмени гангстери“ – одлуката на хрватскиот Уставен суд го налути Милановиќ

epa10169553 Croatian President Zoran Milanovic

„Неписмени ганстери, хрватскиот го учеле во автомеханичарска работилница“ – претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, остро реагира на одлуката на Уставниот суд дека тој не може да на учествува на изборите додека ја извршува функцијата претседател. Со тоа се исклучува секаква можност претседателот на Хрватска да биде кандидат на листата за избор на претставници или да биде предложен за кандидат за функцијата премиер.

„Тоа го направија на гангстерски начин. Тие не ми можат ништо, но јас им можам. Тоа се измамници, неписмени. Писмен човек, барем тој што завршил автошкола, има проблем со тоа. Најверојатно хрватскиот го научиле во автомеханичарска работилница. Според овие неписмени гангстери, тоа е забрането, но не е“,  рече Милановиќ.

Медиумите во регионот потсетуваат на одлуката на Уставниот суд во која е заклучокот дека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не може да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија додека ја извршува својата функција. Претседателот на Уставниот суд,Мирослав Шепаровиќ му забранил да биде на избирачкиот список и на кој било начин да учествува во изборната кампања додека е претседател.

„Ова мора да се реши на избори. На крајот ќе бидам премиер, но нема да и кажувам на таа банда како. Ќе бидам кандидат на изборите, како што можев да бидам и на европските избори. Јас нема да си дадам мандат. Што е тука спорот, неписмени гангстери“, праша тој.

Собирот на ХДЗ во Лисински го нарече бал на вампирите. Тој рече дека во првите редови имало двајца ректори на државните универзитети.

Уставниот суд на Хрватска одлучи: Претседателот не може да биде кандидат на изборите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот