Нема договор меѓу власта и опозицијата за онлајн Собрание

ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа идејата во време на корона вируст пратениците да работат од дома. Според опозициската партија мора да се почитува Уставот и собранискиот Деловник, во кој според членот 69, македонското Собранието работи само со присустуво на народните избраници. Ако се заштитиме и ги почитуваме здравствените протоколи за заштита од Ковид 19 Собранието  ќе може да продолжи да работи со пристуво на пратенците. Од ваквиот став опозицискта партија на денешната координација кај спикерот Талат Џафери, не отстапува. Најголемиот аргумент на ВМРО-ДПМНЕ е дека во Уставот и Деловникот пишува дека собранието работи само со присуство на народните избраници.

– Ако власта ги смени Уставот и Деловникот тогаш би било во ред но, доколку тоа го направи еднострано, секој донесен закон на електронска седница би претставувал ризик за правната сигурност затоа што така донесени закони спротивни на Уставот, односно, членот 69 можат да паднат на Уставен суд. Ова е најтенкото парламентарно мнозинство од постоењето на Собранието. Ако им фалат пратениците тогаш мнозинствот нека најде начин како со уважување на другите парламентарни групи да ги гласаат законите. Но, генерално уставната норма го налага присуството, вели Милошоски.

Од друга страна во СДСМ велат дека мора да се изнајде начин како пратениците кои имаат решение дека се позитивни на ковид 19 да работат онлајн, односно да гласаат од дома. Коордианторот на СДСМ Јован Митревски, за „Слободен печат“ вели дека на ВМРО-ДПМНЕ ќе им се даде уште малку време да размислат за идејата само пратениците кои се со решение за самоизолација да работат електронски.

– На денешнта координација ја објаснивме потребата за електронска работа само на пратениците кои имаат решение за изолација поради коронавирусот. Пред нас се битни закони кои треба да ги донесеме. Нашиот предлог е само оние пратеници кои се во самоизолација со решение да учествуваат во работата на Собранието. Ваквата работа на пратениците би се овозможила со измени во собранискиот Деловник. Но, сакаме тие да бидат донесени со консензус, вели Митревски.

Според собраниски извори , во ребалансот на буџетот не се планирани ставки за реализирање на идејата Собранието да работи он лајн, поради противењето на ВМРО-ДПМНЕ. Нашите извори велат дека доколу опозицијата даде зелено светло тогаш државта мора да најде средства за да се приспособи работата на собранието за работа во кризни состојби.

Неодамна спикерот Талат Џафери најави дека електроснко собрание до крајот на оваа година нема да има и дека пратениците ќе работат според здравствените протоколи, дистанца, заштитни маски, хигиенски мерки. Рече дека ќе се почека усвојувањето на новиот буџетот за 2021 година. Идејата како што најави спикерот е Собрание да функционира и пандемии, земјотрес, пожар.
– Новата 2021 година ќе биде друга приказна. Во новиот буџет е планирано и реализирањето на електронското собрание – рече неодамна Џафери.

Електронската работа на Собранеито се актеулизира откако двајца пратеници од мнозинството се заболени од коронавирус, а до крајот на годинава треба да се донесе буџетот за 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот