Неколку скопски населби утре без струја

Без струја
Струја / Фото: МИА

Без струја утре од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Божидар Аџија”, од Државниот студентски дом „Пелагонија” до улицата „Димо Хаџи Димов” во општина Кисела Вода.

Во периодот од 8.30 до 15:00 часот струја ќе немаат дел од корисниците од село Зелениково, а од 8:40 до 14:30 часот корисниците од улиците „13 Август-Охридски Договор”, „1633″ и „Роман Каскалиев” во општина Гази Баба.

Без струја утре од 9:00 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на булевар „Партизански одреди” во општина Карпош, од 9:00 до 13.00 часот дел од корисниците од улицата „Мариовска” во општина Кисела Вода, а од 11:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Ванчо Мицков” во општина Карпош.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивниот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот