Нејмар: Останав во ПСЖ за да освојам Лигата на шампионите

фото: ПСЖ/en.psg.fr/

Бразилецот Нејмар денеска ги разреши сите дилеми околу својата иднина, тој потпиша нов договор со ПСЖ и на „Паркот на принцевите“ ќе остане уште четири години.
Утринава „Лекип“ најави дека сите детали од новиот договор и само се чека официјално соопштение кое дојде неколку часа подоцна.
Со новиот договор, Нејмар ќе има помала плата од претгходно, ќе заработува 30 милиони евра нето секоја сезона, и тоа е за пет милиони евра помалку отколку што досега заработуваше.

Но, доколку ПСЖ ја освои титулата во Лигата на шампионите, Нејмар ќе добие милионски бонус.
– Првата причина поради која се одлучив да го продолжам договорот беше чувството на среќа што сум дел од овој тим и клуб. Понатаму, остварив одличен однос со сите околу мене и уживам тука во Париз. Тоа што посебно ме привлекува е можноста да испишам историја со ПСЖ, сакам да ја освојам Лигата на шампионите тука – изјави Нејмар.

Барселона извиси: Најмар потпиша нов договор со ПСЖ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот