Негативни се сите тестови на српските туристи на грчкиот остров Евија

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Негативни се сите 87 тестови направени на туристите од Србија сместени во Едипсос на грчкиот остров Евија, откако двајца од групата завчера беше потврдено дека се заразени со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Градоначалникот на приморското место, Јанис Конѕиас, преку социјалните мрежи објави дека резултатите на туристите се негативни и додаде дека „Едипсос останува отворен и covid free”.

Групата туристи, на островот Евија пристигнале во саботата, завчера беше потврдено дека брачен пар што е дел од групата е позитивен на новиот коронавирус, а мажот беше хоспитализиран во болницата во градот Ламиа, по што започна тестирањето на сите српски туристи.

Во изминатите денови, зголемен е бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во Грција, особено кај посетителите што доаѓаат на летен одмор во земјата. Вчера беа соопштени 50 нови случаи, од кои 24 кај туристи.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за денеска свика состанок со надлежните министри за да разговараат за текот на оперативниот план за контроли на влезните точки во Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот