Неделен хороскоп (9-15 јануари): Девиците ќе одат на важно патување, Вагите ќе имаат љубовни драми

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Иако ќе бидете во постојано движење и ќе бидете опкружени со луѓе, длабоко во себе ќе посакате да се осамите и да се одморите. Обидете се сами да донесувате некои одлуки, без мешање и совети од другите. Внимавајте што зборувате пред другите. Во постоечката љубовна врска, вие ќе се соочите со нова одговорност, но на неа ќе ѝ пристапите со ентузијазам. За слободните Овни, овие денови ќе ви донесат ново познанство кое ќе се заснова на пријателство, а подоцна ќе се развие во нешто романтично. Редовното вежбање и здравиот начин на исхрана ќе бидат вашата успешна формула за добро расположение и уште подобро здравје.

Бик

Оваа недела ќе сведочите позитивни случувања на полето на работата. Ќе почнат да се реализираат ситуации од кои веќе сте кренале раце. Ќе мора да се соочите со себе, со партнерот и со фактите кои веќе некое време ги избегнувате и се преправате дека не постојат. Тешко ќе ги најдете вистинските зборови за да му го опишете на партнерот она што ве мачи. Можеби тоа е само заситеноста од секојдневниот живот. Ќе се чувствувате удобно во сопствената кожа, па многу ќе внимавате на физичкиот изглед. Ќе имате корист од интензивниот социјален живот, кој добро ќе влијае на вашето расположение. Сепак, внимавајте на грлото и синусите.

Близнаци

Одложете ги поважните деловни одлуки и бидете внимателни во влегувањето во нови деловни соработки. Држете се до оние задачи кои однапред знаете дека успешно ќе ги завршите. Многумина од Близнаците се среќно заљубени во овој период. Кај некои од нив се работи за врска на далечина, но изливите на чувства преку е-пошта или телефон го надополнуваат недостатокот на физички контакт. Дури и зафатените Близнаци ќе бидат во искушение да изневерат, но во последен момент ќе се повлечат. Главната причина за вашето лошо расположение ќе бидат бројните деловни обврски. Најдете соодветен начин да се справите со стресот.

Рак

Избегнувајте партнерства и бизниси во кои е вклучена јавноста, бидејќи ќе се зголеми можноста за разочарување, критики и финансиски загуби. Повнимателно распоредувајте ги приходите и избегнувајте непотребни трошоци. „Камен на сопнување“ во љубовните врски ќе биде вашата преокупација со работата и претераното отсуство од дома. Незадоволството на другата страна ќе ескалира во форма на расправија, но со отворен разговор ќе успеете да ги расчистите проблемите. Падот на вашиот имунитет ќе придонесе за развој на многу болести. Внесете повеќе витамини во исхраната.

Лав

Ако се занимавате со економија или ако управувате со туѓи пари на кој било начин, ова ќе ви биде многу успешна недела. Останатите Лавови ќе уживаат значителна наклоност од шефовите. Целото ваше внимание ќе го привлече харизматична, интелигентна, но и мистериозна личност. Нејзините намери ќе ви бидат нејасни, што уште повеќе ќе ве привлече. Силната хемија меѓу вас ќе ве наведе да флертувате и покрај сомнителната иднина на вашата врска. Честите главоболки и проблемите со несоница ќе ви го отежнат животот. Избегнувајте прекумерно консумирање кафе и добро проветрете ја спалната соба пред спиење.

Девица

Искористете ја својата моќ на убедливост за да успеете онаму каде што досега не сте успеале. Оваа недела, вие ќе имате одлична концентрација и ќе бидете фокусирани на вашата работа. Девици, можно е да одите и на важно деловно патување. Конечно, после долго време, конечно ќе ѝ се препуштите на љубовта и сензуалните чувства. Оние кои се во брак, односот ќе го освежат со нова иницијатива, страст и еротска возбуда. Благодарение на добрата форма, вие ќе бидете исклучително активни. Ќе ве интересира и алтернативната медицина каде ќе најдете лек за вашите тегоби.

Вага

Ќе имате слаба концентрација, а уште потешко ќе најдете мотивација да ги извршите сите задачи кои ќе бидат пред вас. Ќе ја оставите работата до последен момент, па одложувањата и лажните изговори ќе станат дел од вашето секојдневие. Доколку сте се скарале со партнерот и мислите дека нема надеж за вас двајца, свртете го неговиот телефонски број. Ќе сфатите колку сте згрешиле и колку сте претерале со некои работи. Дозволете им на тивките симптоми да ве поттикнат подобро да се грижите за себе. Внимавајте што јадете – слатките и мрсната храна се лоши за вас!

Скорпија

Доколку се занимавате со спорт или со некаква уметност, вие ќе имате недела на успех и ќе го добиете заслуженото признание. Ќе бидете способни да се справите и со најкомплицираните ситуации. Оваа недела, толеранцијата и флексибилноста ќе бидат клучот за љубовното задоволство на Скорпијата. Ако деновиве раскинете со вашиот партнер, големи се шансите да се смирите повторно и да ја продолжите врската со уште поголем ентузијазам. Жените треба да посветат многу внимание на јајниците, бидејќи тие ќе им бидат најчувствителната област.

Стрелец

Полни со работна етика и ентузијазам, во секоја работна задача ќе внесувате дел од себе. Уметниците, јавните личности и спортистите ќе доживеат зголемен интерес од инвеститорите и спонзорите. Многумина од вас ќе почнат да заработуваат подобро. Ќе почувствувате дека е време за конкретна акција, дека сте подготвени да инвестирате во љубовните и семејните односи. Совет за оние кои се слободни – отворете се, не заборавајте да се дружите и да се забавувате. Деновиве можете да запознаете некој посебен. Ова е поволен период да ја промените фризурата и да ја обновите гардеробата. Ќе внимавате повеќе на исхраната и ќе се храните поздраво.

Јарец

Конечно, ќе се реализира очекуваната или ветената помош од деловните партнери, а одложувањата во комуникацијата или деловните преговори ќе исчезнат. Односот со партнерот ќе ви биде стабилен, па помалку ќе се сомневате во него. Ќе имате одлична комуникација за сите важни животни прашања. Оние Јарци кои се сами треба максимално да излегуваат и да се дружат, бидејќи таквиот начин на живот ќе им даде можност за нови познанства. Ќе имате одлична концентрација и ментално сте многу силни и издржливи. Многу добро ќе ги толерирате сите напори, вклучително и стресот.

Водолија

Ќе треба да имате многу трпение за да останете смирени на сите наредби и упатства на вашите работодавци. Ќе се навредите што морате да извршувате задачи кои не се во описот на вашата работа. Прилагодете се, ќе има можности за напредување. Ќе уживате во излегувањето, особено во запознавањето нови и интересни луѓе. Овој период е идеален за самци кои повеќе не сакаат да бидат сингл; ќе ви се додворуваат луѓе кои никогаш не би рекле дека сте нивен тип. Редовното вежбање ќе ви помогне да останете фит, особено ако на работа поминувате многу време седејќи пред компјутер.

Риби

Оваа недела, вие ќе бидете комуникативни и способни да го извлечете најдоброто од секоја ситуација. Ништо нема да ви биде тешко, од сѐ срце ќе му помогнете на секој кому му е потребна вашата помош. Ако одеднаш се сетите на ситуација која веќе била предмет на расправија меѓу вас и вашиот партнер, нема да постигнете ништо со тоа што повторно ќе ја анализирате. Надминете ја непотребната љубомора бидејќи вашата врска добро напредува. Што се однесува до здравјето – добро сте, но расфрлани во неколку правци. Професионалната масажа ќе ви помогне да се ослободите од напнатоста во грбот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот