Неделен хороскоп (20. до 26. септември): Недоразбирања за Водолиите, стрес за Овните, љубов за Девиците, среќа за Близнаците…

Фото: Pixabay

Оваа недела планетата Венера во знакот на Шкорпија ќе донесе среќа во љубовта на Раковите и Рибите, но и уште малку болка во љубовниот живот на кутрите Бикови. А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат sвездите оваа недела!

Овен: каков стрес!
Уште една недела голем стрес за вашиот знак, кој ќе треба да се справи со двојното спротивставување – на Марс и Меркур. Овие две планети може да предизвикаат забавување или блокирање на вашата работа, предизвикувајќи и психо-физички замор. Искористете ги деновите  вторник, среда и четврток, кога можете да сметате на прекрасната Месечина и, штом можете, посветете време на релаксација!

Бик: проблеми во љубовта
Планетата Венера во опозиција создава проблеми во областа на чувствата: ако сте во пар, може да се расправате со партнерот за ситници, додека за слободните се очекуваат разочарувачки средби … Вооружајте се малку со трпение , наскоро вистинската личност ќе пристигне и за вас! Во меѓувреме, фокусирајте се на деновите петок и сабота, кога убавата Месечина ќе ви донесе среќа.

Близнаци: среќна недела!
Драги Близнаци, оваа недела планетата Меркур, со помош на Јупитер, би можела да ви донесе добри вести во однос на полето на работата, особено можни во вторник и среда, кога исто така ќе имате прекрасна среќна Месечина за поддршка!  Понатаму, во недела, Месечината ќе биде поволна за вашиот знак: недела ќе биде навистина романтичен ден, во кој можете да доживеете прекрасни емоции со посебна личност.

Рак: неповолна Месечина
Оваа недела можете да сметате на поддршката на планетата Венера, подготвена да ви донесе големи емоции, без разлика дали сте веќе во пар или сте сингл. За жал, на професионалниот план немате толку среќа, каде ќе треба да се справите со Меркур во неповолна положба. Марс, од своја страна, го нагласува заморот и општото чувство на малаксаност … Обрнете внимание, особено, на деновите на неповолна Месечина: вторник, среда и четврток.

Лав: љубовни проблемчиња
Драги Лавови, не е среќно време за вас што се однесува до чувствата … Венера во неповолна положба ги зголемува тензиите со партнерот. Ризикот е да ја растоварите нервозата на партнерот/ката, а проблемите пак, се предизвикани од работа. За среќа, оваа недела ќе можете да сметате на убав поволен Меркур, кој ќе ви даде одлични можности за средби кои ќе ви се најдат за во иднина, особено можни во вторник, среда и четврток, кога исто така ќе ја имате Месечината на ваша страна.

Девица: среќа во љубовта!
Вашата недела започнува со малку тежок понеделник, во кој ќе треба да се справите со Месечината во опозиција. Подобро, сепак, ќе биде во петок и сабота, кога расположението ќе ви биде одлично! Поволната Венера ви помага во однос на чувствата: ако сте слободни, не чекајте да ги искажете своите чувства или да излезете … нема што да изгубите! Паровите би можеле да донесат важна одлука.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот