Не ви треба подобра причина од оваа! Зошто маргаринот или путерот треба да ги замените со маслиново масло

Фото: Профимедиа

Не е голема тајна дека медитеранската исхрана е добра за здравјето. Состојките на оваа кујна и начините на кои се користат ги зајакнуваат коските, го подобруваат здравјето на мозокот, ги превенираат кардиоваскуларните болести и ја намалуваат шансата за разни здравствени проблеми.

Американското истражување покажа дека со замената на само пет грама маргарин, мајонез или путер при готвењето со истата количина на маслиново масло го намалува ризикот од срцеви болести за дури седум отсто. И уште една здравствена придобика, луѓето кои користат повеќе од седум грама маслиново масло дневно имаат 15 отсто помал ризик од кардиоваскуларни заболувања и 21 отсто помали шанси за коронарна болест, пишува Си-ен-ен.

Маслиновото масло, од друга страна, нема влијание врз мозочните удари.

– Тајната не е во додавањето маслиново масло во вообичаената исхрана, туку во замената на нездравите масти со него. Тоа го подобрува холестеролот, ги намалува воспалителните биомаркери и го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем – рекол авторот на студијата д-р Френк Ху кој претседава со одделот за храна при Харвард.

Истражувањето исто така покажа дека когнитивните функции побавно пропаѓаат и дека луѓето што користат маслиново масло полесно ја контролираат својата тежина.

Истражувањето пријатно изненади многумина имајќи предвид дека една лажица маслиново масло има 120 калории.

Маслиновото масло е и најстабилно при високи температури и најдоцна од сите слични производи согорува штетни нуспроизводи. Кокосовото масло го држи второто место во таа категорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот