Не се дочува „тајната“ на Арсовска за новогодишната прослава на плоштад, откриени имињата на изведувачите

На една недела пред дочекот на Новата 2023 година, градоначалничката Данела Арсовска како најголема тајна ја чува програмата и учесниците за новогодишната прослава на плоштад. Скопјани, разочарани од прескромното украсување, веќе се посомневаа дека нема да има ништо од веќе традиционалната прослава на отворено, доколку во јавноста сепак не проциркулираа имињата на учесниците што треба да настапат на прославата.

Како што пренесува „Фокус”, програмата била подготвена веќе извесен период, а на музичарите кои ќе настапат им било кажано да не објавуваат на своите профили, со цел изненадувањето да биде поголемо.

Според информациите, настанот ќе започне околу 20.30 или 21 часот на 31-ви декември, со настап на групата „Саут Парк“, која ќе изведува светски музички хитови, а потоа ќе настапи групата „Дупер“. Потоа, скопјани ќе ги забавуваат Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ и други, а Новата година ќе ја дочекаат со настапот на Елена Ристеска.

Има по нешто за сечиј вкус. И забавна и народна музика, музички имиња кои имаат изградени кариери и си ја знаат работата. Покрај Мераклиите од Мерак Меана, тука се Благица Павловска, Ферус, Наум, нема сомнеж дека дочекот ќе помине доста забавно – откриваат извори за „Фокус”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот