Не постои никаква дискриминација при запишување на невакцинирани деца во училиштата и градинките

Комисијата за заштита од дискриминација смета дека не е дискриминирачка забраната за запишување и прием на невакцинирани деца со МРП во градинките и училиштата.

Поттикната од претставките на граѓаните и јавно искажаните ставови во медиумите, Комисијата донесе Општо мислење според кое барањето потврда дека едно дете е вакцинирано со МРП при запишување во градинка или во школо не претставува дискриминација врз ниту една основа, вклучувајќи уверување, здравствена состојба, социјална заштита и пристап до добра и услуги.

Комисијата оценува дека мерката за забрана соодветствува на реалните потреби е пропорционална на ефектите што треба да се постигнат.

„Мерката не е спротивна на Уставот и на одредбите на меѓународните договори. Мерката соодветствува со реалните потреби бидејќи е прогласена епидемија и е загрозен животот и здравјето на детето, животот и здравјето на другите деца кои се во контакт со детето во училиште или градинка, како и во функција на јавното здравје. Мерката е однапред прецизно дефинирана бидејќи е донесена според претходно предвидена процедура и од соодветни органи и сите родители и старатели се информирани на ефикасен начин и мерката е пропорционална на ефектите што треба да се постигнат“, се вели во општото мислење на Комисијата кое е донесено по примени претставки од граѓани, како и јавно искажани ставови во медиумите во врска со постоење на наводна дискриминација кон децата кои не се вакцинирани со МРП-вакцината од страна на градинките и училиштата.

Заклучокот на Комисијата е дека не постои дискриминација од страна на органите на управата и градинките со мерката за забрана на запишување и прием на деца кои не се вакцинирани и задолжителна вакцинација на децата од училишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот