Навивачите на вистинскиот тим во Лајпциг купија 62.000 влезници за натпревар со „невидлив“ противник

Екипата на Лајпциг за неполни 10 години, благодарение на сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, стана германски фудбалски гигант кој расте и во европски рамки.

Но, во градот од поранешната Источна Германија  постои уште еден тим, Локомотива кој се смета за вистински и единствен градски тим.

Локомотива Лајпциг настапува во регионалната лига, но и покрај тоа има армија на верни навивачи, а за тоа доказ е невообичаениот пример.

Имено, навивачите на Локомотива организираа акција за помош на фудбалскиот клуб и купија дури 62.000 влезници за натпревар против „невидлив“ противник која би требало да се игра на 8 мај, а кој поради пандемијата на коронавирусот нема да се одигра.

Цената за виртуелните влезници е симболична, едно евро но и тие 62.000 евра се голема и важна сума во борбата за опстанок на клубот.
Интересно е што стадионот на кој настапува Локомотвива има капацитет од 11.000 седишта.

Најголемиот успех на Локомотива и настапот во финалето од Купот на победниците на купови 1987 година кога загуби од Ајакс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот