Навивачите на Малме огорчени: Златан ни заби нож во грб

twitter/AC Milan

Фановите откако ја оштетија статуата на фудбалерот, сега покренаа нова иницијатива, таа целосно да се отстрани.

Навивачите на Малме не можат да му простат на Златан Ибрахимовиќ поради тоа што тој купи акции во големиот ривал, Хамарби. Ибрахимовиќ изминатото лето Ибрахимовиќ купи 25% од акциите на Хамарми по што започнаа проблемите за Швеѓанецот.

Навивачите како омилена мета за одмазда ја имаа статуата на Ибрахимовиќ во Малме, на почетокот таа беше офарбана, запалена со факели, потоа му беше откинат носот, за на крајот статуата да биде уништена откако и беа исечени нозете. Сега навивачите на Малме покренаа нова иницијатива, целосно да се отстрани статуата на Златан Ибрахимовиќ.

– Би кажал дека мнозинството од жителите во Малме се разочарани од Златан. Никој не го брани. Нормално, некои луѓе мислат дека вандализамот не е во ред, но во исто време разбираат зошто тоа е направено.

Златан беше личност со која се гордевме, беше светска ѕвезда која произлезе од нашиот клуб, но денеска веќе не сакаме да слушнеме ништо за него. Тој смета дека треба да му бидеме благодарни за тоа што го направи за нас, но всушност тој не освои ништо во Малме. Тој беше продаден за големи пари и тоа е сè – изјави навивачот Симон Бенгтсон.

И останатите навивачи имаат слично мислење како и Бенгтсон.
– Предавството е толку големо и длабоко и оди против се што Златан зборуваше. Тој секогаш велеше дека Малме е неговиот роден гра, дека секогаш ќе го сака и ниту еден клуб не може да биде поголем од Малме.

Сега купи 25% од акциите на конкурентски клуб и зборува дека сака од тој клуб да направи најсилен тим во Скандинавија. Не само што ни зари нож во грбот, туку и го заврте за уште повеќе да ги повреди навивачите на Малме – рече Александер Ивановски, уште еден навивач на Малме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот