Наутро сончево, а попладне локален дожд и грмежи – Стабилизација на времето за викендот

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во северозападните и крајните источни делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од северозападен правец. УВ=8.Утринската температура ќе се движи од 7 до 15 степени, а максималната дневна низ земјава од 17 до 29 степени.

Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 27 степени. За време на викендот ќе преовладува стабилно време со умерен до засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд.

На почетокот на наредната седмица повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот