Наумче Мојсоски е новиот директор на Агенцијата за млади и спорт

Фото: Принтскрин

Бившиот ракометар на македонската репрезентација, Наумче Мојсоски ќе биде новиот директор на Агенцијата за млади и спорт. Тој ќе го замени Дарко Каевски, кој стана пратеник во Собранието.

Мојсоски имаше успешна ракометна кариера, освојувајќи го петтото место на ЕП во Србија во 2012 година, а во клупската кариера има настапувано за Металург, Вардар, Пелистер, Југ, Струга, Лехвија, Риоха и ЧМС Букурешт.

Ракометарот во политиката влезе како член на СДСМ пред претседателските избори кои се одржаа минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот