Научник пред три месеци ја предвиде епидемијата: Колку е опасен корона вирусот?

Тонер го привлече вниманието со својата симулација, чија разлика од денешната епидемија, е што во неговото сценарио почнува од Бразил.

Коронавирусот во Кина зема се поголем замав, па веќе пристигна и во Европа. Луѓето се прашуваат колкава е шансата за глобална пандемија.

Научникот Ерик Тонер од Центарот за здравствена сигурност, Џон Хопкинс во САД уште пред да се појави коронавирусот претстави сценарио во кое избива пандемија, а жртви се над 65 милиони луѓе.

Симулацијата на Тонер е интересна бидејќи зборува токму за епидемија од коронавирус, додека фокусот на сите други медицински лица е на нов вид на птичји грип, зашто се појавува само неколку месеци пред епидемијата во Кина и зашто е потсетник на реалната закана од вируси со која се соочува човештвото.

Според досегашните податоци од официјалните кинески власти, заразени се над 800, а умреа 26 луѓе. Просечната смртност од околу 4 отсто, кој го објави Светската здравствена организација е многу помала од САРС-от (околу 11 %), но и од сезонскиот грип тип А (околу 0,1%).

Така што, според досегашните податоци коронавирусот има многу помал потенцијал бидејќи не се шири толку брзо како сезонскиот грип, а има многу помала смртност од САРС-от. Меѓутоа, треба да се има предвид дека вирусот мутира, што пак, би значело дека ситуацијата може да се менува и вирусот да стане поопасен.

Тонер го привлече вниманието со својата симулација, чија разлика од денешната епидемија, е што во неговото сценарио почнува од Бразил. Вели дека лек против вирусот нема да може да се направи уште најмалку 18 месеци. Тоа може да биде реалност со оглед на тоа што за САРС и МЕРС веќе со години не постојат вакцини.

Пандемија на вируси е трајна закана за човештвото. Па затоа, иако реалноста денес не е ниту приближно драматично како симулацијата на Тонер, тоа не значи дека не е можно со некој иден вирус, ниту дека постоечкиот е безопасен.

Во интеврју за Би-Би-Си, Тонер вели дека термалните камери кои аеродромите ширум светот побрзаа да ги постават не можат да помогнат во идентификување на сите заболени. Симптомите кај луѓето се манифестираат неколку дена откако вирусот ќе навлезе во човечкиот организам, а термалните камери ја мерат температурата. Тоа значи дека еден човек може да го има вирусот во себе, но да не биде свесен за тоа. Од друга страна, камерите не можат да ги фатат оние кои користат лекови за намалување на телесната температура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот