Научниците открија мистeриозни дупки во Тихиот Oкеан

Фото: Спутник њуз

Научници од Истражувачкиот институт при аквариумот во Монтереј Беј во Калифорнија открија неколку илјади мистериозни отвори на океанското дно на Тихиот океан.

Потеклото на откриените објекти не е утврден. Најголемите такви дупки се со ширина од 175 метри и длабочина од пет метри. Забележани се вкупно 5.200 вакви вдлабнатини, пишува порталот Phys.org.

Обично ваквите појави се поврзуваат со емисии на метан и се среќаваат во целиот океан. Стручњаците, сепак, во овие дупки не откриле траги од метан, што го прави откритието уште поинтересно.

Претпоставките говорат дека тие настанале скоро како процепи поради морските струи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот