Научниците открија какви вредности треба да имате во крвта за да живеете подолго: „Жените се во голема предност!“

Фото: Профимедиа

Феноменот на стогодишници како најбрзо растечка демографска група во светската популација предизвика значителен интерес кај научниците. Потрагата да се откријат мистериите на стареењето и долгиот, здрав живот датира повеќе од 2.300 години, кога познати филозофи како Платон и Аристотел дебатирале на оваа тема. Истражувачите до ден-денес сè уште ја истражуваат сложената интеракција на генетските предиспозиции и различните фактори на начинот на живот кои влијаат на долговечноста на една личност.

Една неодамнешна студија објавена во GeroScience фрли светлина на заедничките биомаркери присутни кај луѓето постари од 90 години, вклучувајќи го и нивото на холестерол и гликоза. Ова револуционерно истражување, засновано на  проценки на здравјето на 44.000 шведски поединци на возраст од 64 до 99 години, дава драгоцени сознанија за факторите поврзани со исклучителната долговечност. Забележано е дека 2,7 отсто од учесниците достигнале значителна старост од 100 години, а мнозинството биле жени, пишува „Саенс алерт“ (Science alert).

Истражувањето се фокусираше на 12 крвни биомаркери поврзани со воспаление, метаболизам, функција на црниот дроб и бубрезите, потенцијална неухранетост и анемија (слабокрвност). Едно особено интригантно откритие било поврзаноста на мочната (урична) киселина, нуспроизвод од варењето на храната, со воспалението. Покрај тоа, беа следени маркери поврзани со метаболичкиот статус и функцијата (како што се холестерол и гликоза), како и оние поврзани со функцијата на црниот дроб, вклучувајќи аланин аминотрансфераза (АЛТ), аспартат аминотрансфераза (АСТ), албумин, гама-глутамилтрансфераза (ГГТ), алкална фосфатаза (АЛП) и лактат дехидрогеназа (ЛД). Истражувачите, исто така, го набљудувале креатининот, кој е поврзан со функцијата на бубрезите, како и железото и вкупниот капацитет на врзувањето на железо (ТИБС), поврзан со анемијата. Истражувањето, исто така, го истражило и албуминот, биомаркер поврзан со исхраната.

Наодите покажале дека луѓето кои достигнале 100 години имале пониски нивоа на гликоза, креатинин и урична киселина од нивните 60-годишни колеги. Иако просечните вредности на повеќето биомаркери не ги разликувале значително стогодишниците од нивните помлади врсници, првите ретко покажувале екстремно високи или ниски вредности. Значајно е дека сите освен два (АЛТ и албумин) од 12-те биомаркери покажале поврзаност со веројатноста да се достигне 100 години, дури и по земањето предвид возраста, полот и оптоварувањето со болести. Пониските вредности на вкупниот холестерол и железо поврзани се со намалени шанси да се достигне 100-годишна возраст, додека повисоките нивоа на гликоза, креатинин, урична киселина и маркери за функцијата на црниот дроб биле исто така поврзани со намалени шанси за достигнување 100-годишна возраст.

Истражувањето се воздржува од донесување дефинитивни заклучоци за факторите на животниот стил или гените одговорни за вредностите на биомаркерите. Меѓутоа, разумно е да се претпостави дека факторите како исхраната и консумирањето алкохол играат значајна улога во долговечноста. Иако веројатноста игра улога во достигнувањето исклучителна долговечност, забележливите разлики во биомаркерите долго пред смртта сугерираат дека гените и начинот на живот исто така може да бидат влијателни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот