Натпревар на сезоната во Евролигата, Барселона губеше 20 поени во последната четвртина за на крајот да победи

Неверојатен натпревар одиграа Барселона и Уникс/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Кошаркарите на Барселона во неверојатен натпревар со 111:109 го совлада Уникс во 17 коло од Евролигата.
Каталонскиот тим се наоѓаше на работ на бездната во 31 минута кога губеше со 57:77, но благодарение пред се на одличната шутерска вечер на Никола Миротиќ, Барселона ја доби последната четвртина со 37:20.

Токму Миротиќ со поените на 15 секунди до крајот, го однесе натпреварот во продолжението бидејќи во регуларниот дел беше 94:94. Во дополнителните пет минути, иницијатативата ја презедоа каталонците и со поените на Јокубаитис дојдоа до голема победа. Кај Барселона одличен беше Миротиќ со 28 поени, Кајл Кјурик постигна 24 додека кај Уникс тројца кошаркари постигнаа преку 20 поени – Лоренцо Браун 27, Џон Браун 21 и Ајзеа Кенон 20.

Претходно Анадолу Ефес исто така во трилер натпревар ја победи Црвена звезда со 84:83 и тоа благодарение на поените од слободни фрлања на Мициќ на една  секунда до крајот.
Алба Берлин ја искористи предноста на домашен терен и со 92:84 го совлада Монако.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот