МВР ја викнало на разговор насилничката од Велес: Одела по улица и тепала девојчиња

Се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете.

Вчера во полиција било пријавено дека околу 16 часот на улицата „11 Октомври” во Велес 12-годишна малолетничка физички нападнала малолетно девојче на возраст од 11 години.

Исто така, било пријавено дека околу 15 часот на ул.„11 Октомври” истата малолетничка физички нападнала друга малолетничка од Велес.

Во врска со настанот, во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните.

Се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 12-годишно девојче oд Велес брутално нападнато од својата врсничка, додека останатите гледаат и снимаат со телефон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот