Напорни тренинзи и паѓање во несвест за собирачите на топчиња на Вимблдон

EPA/GERRY PENNY

Да се биде “ball boy” или “ball girl” на највредниот тениски турнир е многу престижна работа, селекцијата е безмилосна, а трудот на овие деца понекогаш е „награден“ со паѓање во несвест од големите напори и тешките услови

Да се биде собирач на топчиња на Вимблдон е многу потешка работа одошто изгледа на прв поглед. Таканаречените “ball boys” или “ball girls” минуваат низ процес на ригорозна елиминација и тренинг, а од повеќе илијади кандидати се избираат само 250 момчиња и девојчиња, кои потоа се задолжени да ги дистрибуираат и собираат топчињата додека траат мечевите.

Најтешкото нешто е повеќечасовното стоење на сонце. Изложеноста подолго време на понекогаш многу силното сонце и неможноста да се заштитат, доведуваат до тоа некое момче или девојче да колабира од екстремната жештина. Но, шоуто продолжува…

И покрај тоа интересот за оваа активност е огромен. Оваа престижна улога е достапна само за учениците на околу 30 училишта во југозападен Лондон и Сари. Се пријавуваат илјадници деца, а изборот се врши во текот на неколку недели тешки тестови.

Во изминативе неколку години тренинзите започнуваа во февруари на спортскиот терен наречен Рејнс парк.

По Велигден, тренинзите се префрлаат на покриените терени на Вимблдон, а траат до два ипол часа, со 50-60 деца по сесија….

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот