Наполи ја намали сумата која ја бара за Кулибали

Калиду Кулибали осум години настапуваше за Наполи/фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Италијанскиот тим е подготвен да го продаде својот дефанзивец, но откако прво ќе го обезбеди напаѓачот на Лил, Виктор Осимен.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис ја намали сумата која ја бара за продажба на својот најдобар дефанзивец Калиду Кулибали. Според „Дејли Телеграф“ доколку некоја екипа е подготвена да плати 77.5 милиони евра тогаш може да преговара со играчот.

Италијанскиот тим сака да овие пари да го финансира трансферот на напаѓачот на Лил, Виктор Осимен, Де Лаурентис веќе понуди 55 милиони евра, но од францускиот тим бараат најмалку 15 милиони евра повеќе.

Намалувањето на отштетата ќе значи најверојатна преселба на Кулибали во Премиер лигата, бидејќи сериозен интерес пројавија Ливерпул и двата тима од Манчестер, Сити и Јунајтед, а од сенка својата шанса ја чека и ПСЖ иако самиот фудбалер изјави дека сака да игра во Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот