Наместо хигиена, пцовки и навреди (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Граѓаните на општина Аеродром изразуваат незадоволство по социјалните мрежи за состојбата во која се наоѓа Паркот на езерата. Паркот е пропаднат и не се одржува, преполнет со ѓубре и неискосена трева.

,,Море марш и пм, ајде не замарај више“. Вака ме дочека денеска шефот на комуналците задолжени за хигиената во Паркот на езерата (кој пропаѓа и е во очајна состојба) и околината околу Мајчин дом. А сакав само да му укажам дека со месеци не е изметено, искосено, исчистено и дека…,,Не ме интересира, џабе ми збориш“-ми рече ова младо момче, кое според годините може син да ми биде. Поздрав од Municipality Aerodrom. Со ваква младина не треба да се грижиме за нашата иднина….“ вели загрижена граѓанка на Фејсбук.

Од општина Аеродром велат дека општината се чисти по одредена динамика и може во моментот тој регион не бил на ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот