Најздравата житарка во светот!- Слободен печат
ЕспресоХрана

Најздравата житарка во светот!

Оваа намирница е идеална за сечија исхрана, а особено за лицата со дијабетес, целијакија или други заболувања.

Високата содржина на протеини, малата количина на шеќер и немањето на глутен, ја прават оваа намирница идеална за сечија исхрана, а особено за лицата со дијабетес, целијакија или други заболувања кои создаваат преосетливост на глутен.

Кога еднаш ќе ја пробате, киноата автоматски станува незаменлива намирница во вашата трпеза. Па затоа воопшо не чудно што уште многу одамна кај Инките била популарна под името „мајка на сите житарки“.

Оваа житарка расте на Андите на висина од околу 3000 м, во подрачјето на Перу, Чиле и Боливија уште од пред 5000 години. Старите цивилизации на Инките ја сметале за света храна. Денес се култувирала и во други предели на светот.

Зрната на киноа се состојат од 60 проценти никулци и во себе содржат мононезаситени масти кои се важни за здравјето на срцето, како и антиоксиданти, фитонутриенти, есенцијални минерали како манган, магнезиум, железо и селен, а покрај тоа изобилува и со витамините Б1, Б2, Б3, Б6, Б9 и Е.

Покрај ова киноата го намалува и ризикот од појава на дијабетес тип 2, го регулира шеќерот во крвта, помага при намалување на зголемениот холестерол и влијае на намалувањето на зголемениот крвен притисок. Дава чувство на ситост и не создава надуеност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close