Најстариот клуб во Македонија исфрлен на улица, на стадионот пасат овци

Љуботен, најстариот фудбалски клуб во Македонија, е исфрлен на улица и не можеше да го одржи денешниот тренинг бидејќи стадионот беше полн со овци.

Клубот на социјалните мрежи, преку својот профил на Фејсбук, објави дека веќе подолго време се соочуваат со вакви проблеми, теренот да се користи за пасење на овци, кози, крави, наместо за основната функција, да се тренира и да се играат натпревари на него.

Тие неможејќи да излезат на крај со ваквите проблеми, својата мака ја споделија на социјалните мрежи со надеж дека градските власти во Тетово ќе реагираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот