Најпознатите сијамски близначки во светот: Додека едната водела љубов, другата читала книга

Денес веќе ретко и да постои циркуз, сите бизарни работи  лесно можат да се најдат на интернет.

Но не толку одамна, луѓето кои биле поинакви биле составен дел од изведбите во шатори каде луѓето плаќале пари за да им се чудат и да ги исмеваат.

Жалосна е вистината што тоа било единствената перспектива која луѓето со физичка попреченост ја имале за разликата помеѓу нив и другите луѓе – никој не ги вработувал, па придружувањето во циркузот им бил најдобрата опција која ја имале.

Еден од најтажните случаи е токму тој на сестрите Хилтон, споени близначки кои биле убави, талентирани, искористени и на крајот заборавени.

Daisy i Violet Hilton | Author: Wikimedia Commons

Дејзи и Виолет Хилтон се родиле на 5 февруари 1908 година, а починале на 4 јануари 1969 година.

Во својата татковина, Велика Британија, биле прославени забавувачки, но највеќе ги прославил фактот што се родени како сијамски близначки споени преку колковите, карлицата, задникот и грбот, а исто така делеле и заедничка циркулација, но не и поголемите органи.

Бидејќи таткото на близначките бил непознат, мајката Кејт била единствен законски старател. Нејзината шефица Мери Хилтон му помагала на лекарот при породувањето, така што многу брзо ја воочила можноста да заработи од нив. Кејт пак сметала дека нивната деформација е божја казна поради тоа што ги родила надвор од брачна заедница, така што не било потребно многу за да ја натераат да се откаже од близначките за финансиски надомест.

Хилтон тоа го гледала како чист деловен потег, со купување на близначките, при што таа станала нивна „сопственичка“.

Daisy i Violet Hilton | Author: Wikimedia Commons

Детство одбележано со злоставување

Мери Хилтон и нејзиниот сопруг немале добри намери кога ги вдомиле девојките, уште од рана возраст таа ги „изложувала“ во задната соба на својот дом, продавајќи влезници за да ги гледаат, а продавала и разгледници со нивна слика како сувенир.

Близначките ја викале Мери „теткичке“, а нејзиниот сопруг „господине“, но меѓу нив немало никаков семеен однос, туку стриктно деловен однос во кој девојките биле третирани како робинки. Физички и емоционално ги злоставувале, а кога ја напуштил сопругот, Мери Хилтон во злоставувањето ги вклучувала и своите многубројни партнери, однесувајќи се кон девојките како егзотични миленици со лош однос.

На крајот тие завршиле во Сан Франциско, каде што девојките дошле во рацете на биолошката ќерка на Мери Хилтон – Идит, и нејзиниот партнер со апсурдно име Мејор Мејорс, продавач на балони. Животот навистина не им се подобрил со доаѓањето во САД, земјата во која сите сонови стануваат реалност.

Физички „дефектни“, а интелектуално надмоќни

И покрај малтретирањето во детството и првичните мрачни прогнози, близначките израснале потполно здрави. Нивниот лекар во здравствениот картон забележал дека тие биле „бистри и многу интелегентни“. Мери им платила часови за пеење и свирење на музички инструменти. Ги облекувала во прекрасни костими со украсни машни и ги учела на различни забавни потези.

Сестрите со тек на време станале многу добри џез музичарки кои прекрасно пееле и танцувале.

Заработиле илјадници долари, но никогаш не виделе ништо од нив

До 1920 година, близначките практично биле ѕвезди, а сцената ја делеле со легенди како што се Чарли Чаплин и Боби Хоуп, заработувајќи и до 5.000 долари неделно, што според денешните стандарди е голема сума на пари. Но ништо од заработеното не одело во нивниот џеб, туку само во џебот на Мејерс.

Близначките се спријателиле со Хери Худини. Тој ги советувал да си обезбедат адвокат. Тоа било првиот пат кога Дејзи и Виолет сфатиле дека се луѓе, а не нечие сопствеништво.

Бил Оливер станал нивни адвокат, а неговиот однос со сестрите не бил само платонски, барем така тврдела сопругата на Оливер која покренала развод против него, тврдејќи дека нејзиниот сопруг “поминува премногу време со сестрите Хилтон”.

На суд конечно била откриена грозната ситуација во која сестрите се наоѓале, легално полнолетни со незнаење кој ги „наследил“ и заработувал на нивна слава. Успеале да се изборат за спас од тој злоставувачки однос, а добиле и надомест за својата штета од 80.000 долари.

Daisy i Violet Hilton | Author: Wikimedia Commons

Додека едната водела љубов, другата се одмарала

И покрај тоа што многумина биле скептични околу прашањето во врска со нивниот љубовен однос, Дејзи и Виолет оделе „до крај“ со своите партнери.

Познатите сијамски близнаци Бункер, објасниле како тоа функционира: „Кога едниот близнак прави нешто интимно, или да речеме сака да прави нешто што не е по волја на другиот, тогаш другиот близнак само ментално се исклучува. Умешноста е во тоа што го учиш кога си споен со некого целиот живот. Кога едниот води љубов, другиот обично дремнува. Понекогаш може и да чита книга”.

Секако, тоа не било лесно за нивните партнери, бидејќи наместо една личност, добиваат две во пакет и таа врска обично не трае, туку се распаѓа кога ќе помине првата фаза на заљубување.

Дејзи од една токму таква врска останала бремена, а агентот на девојќите пробал да ја наговори на абортус тврдејќи дека тоа може да им го загрози здравјето и животот на девојките. Абортусот тогаш бил нелегален, освен ако животот на мајката не бил загрозен, што лекарот потврдил дека не е таков случајот.

Породувањето поминало во најдобар ред, но Дејзи одлучила да го даде својот син на посвојување, бидејќи не сакала детето да живее без татко и со мајка и тетка изроди. Близначките никогаш повеќе не го виделе детето.

Трагичен крај

Во јануари 1969 година, Дејзи и Виолет не се појавиле на работа еден ден. После неколку дена и бројни обиди да ги добијат на телефон, полицијата влегла во нивниот стан, каде што ги пронашла мртви. Починале од грипот „Хонг Конг“, а Дејзи починала прва, додека Виолет починала два до четири дена подоцна. Лекарите тоа го опишале како доста необично, земајќи предвид дека тие сепак имале заедничка циркулација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот