Најмлада жртва од коронавирусот во Џорџија: Седумгодишно момче почина, немал други болести

Седумгодишно дете заболено од коронавирус во Џорџија е најмладото лице кое починало во таа американска држава од почетокот на пандемијата.

Афроамериканското момче од округот Четем немало хронични здравствени проблеми, покажуваат податоците кои ги објави државата.

Не е познато како или кога детето се заразило од коронавирус, пренесува АП.

Претходно, најмлада жртва од коронавирус во Џорџија беше 17 годишен Афроамериканец во округот Фултон кој имал пропратни болести.

Во Џорција досега како последица на коронавирусот починаа 4.000 луѓе, а повеќе од 200.000 се заразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот