Најмалку едно лице загина во пожар во фабрика за батерии во Њу Делхи

Фото: Принтскрин

Еден пожарникар загина, а најмалку 13 лица, од кои дванаесет пожарникари и  еден припадник на обезбедувањето денеска се повредени откако се запали и се урна фабрика за производство на батерии во Њу Делхи.

Еден пожарникар загина, а најмалку 13 лица, од кои дванаесет пожарникари и  еден припадник на обезбедувањето денеска се повредени откако се запали и се урна фабрика за производство на батерии во Њу Делхи, соопшти индиската полиција.

Три лица се спасени од под урнатините на фабриката. Но, спасувачката операција продолжува, бидејќи се претпоставува дека има уште луѓе под урнатините.

За време на пожарот во зградата немало работници

Во гаснењето на огнот биле ангажирани 35 противпожарни возила.

Лошите безбедносни стандарди се честа причина за пожарите во Индија.Во пожар што избувна минатиот месец во една зграда во Њу Делхи, најверојатно од краток спој, загинаа најмалку 43 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот