Најмалку 13 жртви во самоубиствен напад во Авганистан

Фото: EPA-EFE/GHULAMULLAH HABIBI

Најмалку 13 лица загинаа, а околу 120 се повредени во самоубиствен напад во провинцијата Гор во западен Авганистан.

Шефот на болницата во Гор, Мохамед Омер Лалзад, изјави дека лекарите од брзата помош ги санираат повредите на неколку десетици лица и со полесни, со тешки телесни повреди, но и со повреди опасни по живот, така што конечниот број на жртви може да се очекува да биде поголем.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тарик Аран изјави дека експлодирал автомобил-бомба недалеку од канцеларијата на началникот на регионалната полиција и зградите на федералната влада.

Досега никој не ја презеде одговорноста за овој самоубиствен напад кој се случува додека траат директните мировни разговори во Катар меѓу владините претставници во Кабул и Талибанците, што треба да резултираат со мировен договор по повеќе децении граѓанска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот