Најлудиот фудбалер во историјата спиел со 400 жени! (ВИДЕО)

twitter.com/thecentretunnel

– Најлудиот фудбалер што постигнуваше „голови“ во и надвор од теренот – така англиските медиуми го опишаа Рој кој денеска го слави својот 61 роденден.

Поранешниот фудбалер на Челзи и Бирмингем, Рој Мекдонo, дефинитивно е еден од најлудите играчи што стапнал на фудбалскиот терен. Во кариерата долга 18 години одигра вкупно 650 натпревари, стрелец на 150 голови.

Во својата автобиографија откри дека спиел со 400 жени, бил во оргии со соиграчите, а неговото мото беше: Победи или загуби, но пивни нешто, сеедно!

Како свој најголем трофеј го истакнува освојувањето на „Мис Велика Британија“, Кристина Хатон, а се фалел дека ја освоил „со половина литар пиво и една фунта“.

Честопати возел автомобил во алкохолизирана состојба, но за негова среќа никогаш не доживеал несреќа. Еднаш му беше одземена дозволата на 30 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот